Головите на Халанд се проблем за Манчестер сити?

Норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд сезонава растура во англиската Премиер лига, сериозно го загрозува рекордот на Алан Ширер по број на дадени голови во една сезона, но за Манчестер сити колку и да е благослов што имаат таква машина за голови, толку е и проблем, барем според резултатите.

Сити е најефикасен тим во Премиер лигата со 44 голови на 16 меча, но од 16-те средби, добија „само“ 11.

Во минатата сезона кога го немаа Халанд, после 16 кола, Сити беше прв на табелата со 6 бода предност пред вториот, а сега кога го имаат Халанд, во истиот период заостануваат 7 бода зад лидерот.

Арсенал е прв, има 14 победи во досега одиграните 16 кола, а традицијата вели дека секогаш кога некој тим во англиското првенство славел на 14 од првите 16 меча, на крај станувал и шампион.

- Оглас -

Најнови вести