Головите се супер препорака – Стојановски за првпат ќе биде стартер за Ним во Лига 1

Бернар Блакар е задоволен од ангажманот и одличниот однос на Влатко Стојановски на тренинзите и натпреварите на Ним и го најави македонскиот репрезентативец како стартер за денешниот меч против Мец од 20 часот.

„Влатко е многу интересен играч, а со односот, желбата и ангажманот што ги покажува на тренинзите и на натпреварите што ги играше заслужува шанса. Многу е блиску до место во стартната постава против Мец. Одигра два добри натпревари во националниот состав на македонската репрезентација, а моравме да имаме трпение, бидејќи пристигна од лига што не е толку квалитетна, Имаше и повреда, но игра се подобро и ќе има поголема минутажа“, изјави Блакар.

Стојановски само еднаш беше стартер за Ним, на куп мечот против Ленс пред еден месец и го постигна голот првенец во дресот на Ним. Потоа беше стрелец и за Македонија, повторно со дебитантски гол, овојпат во дресот со национални симболи против Австрија.

Добрите игри и головите се одлична препорака за 22-годишниот македонски репрезентативец, па има големи шанси тој да биде во почетната постава против Мец, за првпат во меч од Лига 1, откако летоска пристигна во Ним од Ренова.

 

- Оглас -

Најнови вести