Головите за шестата титула во ЛШ веќе не му вредат: Ориги си бара спас во Бундеслигата

Ливерпул уште многу долго ќе ги памети головите на Дивок Ориги против Барселона во полуфиналето, како и против Тотенхем во финалето од ЛШ пред две сезони, со кои тимот на Јирген Клоп стигна до шестата титула во Лигата на шампионите.

Сепак, историските погодоци веќе не му вредат на Белгиецот, бидејќи целосно падна во втор план кај германскиот стратег, па си бара спас на кариерата. Ливерпул ќе ја искористи неговата желба да си замине со тоа што ќе го понуди Ориги на Шалке во замена за младиот турски стопер Озан Кабак.

Со директната размена Ориги би заиграл за најслабиот тим во Бундеслигата, кој по 13 кола во шампионатот е закован за дното на табелата и е без победа во 28 натпревари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести