Гомис и Џовинко станаа азиски прваци со Ал Хилал

Откако Ал Хилал од Саудиска Арабија ја освои титулата во азиската Лига на шампиони, со победа над јапонска Урава од 2-0, познати се сите учесници на Светското клупско првенство кое ќе се игра следниот месец во Доха во Катар.

Титулата лани ја освои Реал Мадрид, а годинава европски претставник ќе биде Ливерпул. Главен конкурент на Ливерпул ќе му биде Фламенго, кој истотака директно влегува во полуфиналето.

Потенцијални противници на Ливерпул во полуфиналето се мексикански Монтереј, Ал Сад од Катар и Хинген Спорт од Нова Каледонија. Фламенго го чека победникот од пресметката на азискиот и африканскиот првак, Ал Хилал или Есперанс од Тунис.

Финалето и мечот за трето место се играат на 21 декември.
- Оглас -

Најнови вести