Гомис имитираше пантер и извади од памет едно дете (Видео)

Французинот Бафетимби Гомис кој сега игра во Саудиска Арабија, откако постигна гол, почна со својата традиционална прослава, имитирајќи пантер, почна да ползи и да испушта крик, со што исплаши едно од децата кои стојат покрај терен, задолжени за додавање на топките.

Некогашниот напаѓач на Сент Етјен, Лион, Свонси, Олимпик Марсеј и Галатасарај, има 33 години, а во лигата на Саудиска Арабија е многу ефикасен со 20 гола на 23 меча. Сепак, се покажа дека не сите се навикнати на неговиот начин на радување.

Откако даде гол за водство на Ал Хилал од 2-0 во дербито против Ал Итихад, Гомис почна да се радува, но детето кое беше во негова близина, толку се исплаши, што побегна од столчето на кое што седеше. На крајот на мечот, детето сепак се насмеа, откако Гомис му го подари дресот со кој што играше.

https://twitter.com/i/status/1098691240713994240

- Оглас -

Најнови вести