Горазд Михајлов се надева на долго европско лето на Силекс, а утре ќе дебитира на клупата на кратовци, кои како победници во македонскиот фудбалски куп ќе играат против Петрокуб во првото квалификациско коло за настап во Конференциската лига на Европа.
Од 16 часот во Скопје на игралиштето „Петар Милошевски“ во тренинг-центарот на ФФМ, Силекс ќе ја почне европската одисеја против Молдавците.
„Се надевам дека ќе имаме долго и успешно европско лето. Против Петрокуб ќе играме меч за уживање, а нашата главна цел се знае, да се вратиме во Првата македонска лига. Молдавците според информациите што ги имам, играат долго заедно, имаат корпулентни играчи и нема да биде лесно. За мене и за Силекс ова е голем предизвик“, изјави Михајлов.
Силекс е домаќин на првиот меч, а реваншот ќе се игра за една недела во Молдавија.