Ѓоргиев: Срце планина имаат сите играчи (Фотогалерија)

Капитенот Никола Ѓоргиев повторно беше вистински предводник на теренот во неверојатната победа на Македонија против Словенија во Љубљана. За помалку од 24 часа, Македонија стигна до две неверојатни победи, а посебно е сладок триумфот над домаќинот.

„Видовте ли што направивме. Ја победивме Словенија сред Љубљана. Имаме срце, срце планина. Сите играчи. Знаев дека како што одминува турнирот, сè подобри и подобри ќе бидеме. Ние можеме, ние знаеме. Губевме 24:22, а го добивме сетот со 26:24. Тоа е одлика на голема репрезентација. Со Господ напред, се надевам дека ќе бидеме во Топ 16 во Европа. Нашето го направивме. Ветивме две победи и ги остваривме“, вели предводникот на новите спортски херои, капитенот Ѓоргиев.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести