Горица има нов тренер, нова шанса ќе има и за Влатко Стојановски

Хрватскиот прволигаш Горица има нов тренер и во следниот период од клупата ќе ги предводи Самир Топлак.

Ова е камбек на Топлак, тренер што веќе еднаш го предводеше истиот тим, но како второлигаш во сезоната 2012/13.

За Горица игра македонскиот репрезентативец Влатко Стојановски, но досега имаше мала минутажа кај претходниот тренер Крунослав Рендулиќ.

Рендулиќ денеска доби отказ по црната серија од 7 порази на Горица, најдолга во историјата на клубот.

Топлак треба да го има камбекот во Горица во недела, на дуелот со Хрватски Драговољац, а на поголема минутажа кај новиот шеф на стручниот штаб се надева и Стојановски.

 

- Оглас -

Најнови вести