Господин човек: Тренерот на Феникс за момент ја прекина прославата да им честита на Бакси (видео)

Монти Вилијамс, тренерот на Феникс, упадна во соблекувалната на Милвоки по шестиот меч и за момент ја прекина прославата со цел да им честита на Елените за освоената титула.

Како вистински џентлмен, Вилијамс застана до МВП-то во финалето, Јанис Адетокумбо, им се заблагодари за искуството од ова финале и посочи дека Милвоки заслужено е шампион.

„Дојдов само да ви честитам на сите за успехот, ја заслуживте титулата. Благодарен сум за искуството, од мене направивте подобар тренер, Феникс е подобар тим поради оваа финална битка. Честитки“, им порача Вилијамс на Елените.

- Оглас -

Најнови вести