Гостивар е град на големи суми – Топ тикетот за овој викенд има добивка од 14.000 евра

Од Гостивар доаѓа топ-тикетот за изминатата недела, наш редовен обложувач погоди вистинска премија од 14.000 евра, поточно 871.800 денари. На тикетот од 10 парови обложувачот храбро вложил 6.100 денари, а ризикот потполно му се исплати.

Обложувачот главно се потпрел на натпревари од топ 5 лигите од Европа со по некој дуел плус од останатите шампионати. Зицери ги погоди Лацио, Манчестер јунајтед, Вулверхемптон и Рома, но добивката ќе ја слави благодарение на фудбалерот на Рен, Мбаје Нијанг, кој во 89-тата минута стрелаше за 2-1 и против Ним.

На тикетот нема многу „шаренило“ од типови, едноставно составен со игра кец и двојка, а има и типови појачани со двојна реализација на дел од домаќините.

ШТО ПОДОЛГО ЛИВЧЕ, ПОГОЛЕМА Е ЦИФРАТА ВО ДОБИВКАТА

Најубаво за обложувачите е кога ќе направат тикет за цел викенд, па тој ќе се покаже како добитен. Така овој „играч“ од Струмица нареди добро одбрани 19 парови и само совлог од 100 денари, си ги наполни џебовите со 385.863 денари.

Во преден план му се обичните кецови на Манчестер јунајтед, Рома, Андерлехт, Вулверхемптон, Леверкузен, Порто, Спортинг Лисабон. Еден од последните мечеви кои ги чекаше за добивка е дуелот Рен – Ним, кој заврши 2-1, со гол на домаќините во 89-тата минута, но ќе беше добитен и без тој гол бидејќи парот е типуван со двознак.

КЕЦ, КЕЦ, КЕЦ, КЕЦ, КЕЦ…. И СТАВИ ГО ЛАЦИО ДВОЈКА

Тетовчанецот сигурно го правел тикетот набрзина. Од вкупно 15 парови, на14 од нив ги нареди обични кецови и не згреши, а и единствената двојка ја погоди без проблем. Влогот од 350 денари на обложувачот му донесе радост од 206.331 денар.

Како и на претходните два тикета, Јунајтед, Леверкузен, Андерлехт и останатите се зицери кои не смееја да се пропуштат овој викенд, ниту пак можеше да се изостави Лацио на гостувањето кај Џенова. Победата од 3-2 на Римските орли е единствената двојка.

И ВО ЈАМАЈКА ЌЕ СЕ БАРААТ НАТПРЕВАРИ САМО ЗА ДА СЕ НАПРАВИ ДОБИТЕН ТИКЕТ

Sport Life обложувалници секогаш се труди да им даде на обложувачите пристап до сите можни фудбалски првенства кои се играат на планетата, па еден обложувач од Струмица ја искористи приликата да типува меч од јамајканското првенство. Потрагата по вистинските парови му се исплати, само со 60 денари, четирите парови му донесоа убави 200.772 денари.

Се чини дека системот на типување му е успешен и веќе долго време го употребува. Сите четири меча се типувани со играта – двете екипи даваат барем по еден гол во текот на мечот, а во првото полувреме ќе има најмалку три гола.

ПСЖ славеше со 4-3 во голеадата против Бордо, а резултатот на полувреме беше 2-2. Гент му даде три гола на Сен Труден за помалку од половина час, па победи со 4-1. Со идентичен резултат (4-1) триумфираше и Еквидад против Кукута, а по првите 45 минути резултатот беше 2-1 за домаќините.

И последен, но најважен меч е дуелот на Молинес и Данбехолден од јамајканската Премиер лига, во кој гостите се радуваа со конечни 4-2, а по 45 минути игра резултатот беше 2-2.

- Оглас -

Најнови вести