Гостивар го има „лекот“ за новопечениот балкански првак

Гостивар успешно стартуваше во Суперлигата, со победа на гости кај Блокотехна при конечни 94:98. Гостиварци и третпат сезонава застанаа на победничката страна против екипата од Гевгелија откако во регуларниот дел од сезоната издовија двојна победа.

Кошаркарите на Марјан Србиновски тргнаа одлично и веќе во воведните минути имаа двоцифрена предност по серија од 20-8, за четвртината да им припадне со резултат од 20:30. Домаќините се вратија за момент во игра, меѓутоа Гостивар ја контролираше топката, но и целиот меч до самиот финиш.

Дури шестмина играчи на Гостивар завршија со двоцифрен број поени, најмногу постигна Сегариќ, 19. Трајковски оствари двоен учинок од 18 поени и 11 скока, додека по 15 поени постигнаа Тасоски и Костоски. Кај поразените, најрасположен на теренот беше Пен со високи 36 поени, Младеновиќ заврши со двоен учинок од 12 поени и 10 асистенции.

 

- Оглас -

Најнови вести