Гостивар не се откажува од третото место

Гостивар славеше на гостувањето кај Куманово со конечни 88:81, во мечот од рамките на седмото коло во Суперлигата. Кошаркарите на Марјан Србиновски и третпат оваа сезона се радуваа на триумф против Кумановци ако се сметаат дуелите од регуларниот дел од сезоната, а воедно со новата победа ја вратија неивесноста во битката со Блокотехна за третото место на табелата.

Гостите во три наврати имаа предност од +14 поени, а Куманово успеваше да се врати во два обиди. Сепак, со серијата од 16-4, Гостивар во клучните моменти од мечот ги реши сите дилеми, и воедно им го нанесоа осмиот последователен пораз на Куманово откако стартуваше Суперлигата.

Ефианаи со 27 поени и 6 скока беше најефикасен играч од редовите на Гостивар, а по 15 поени постигнаа Сегариќ и Фурстингер. Од таборот на Куманово најрасположени беа Ковач со 21 поен и Думиќ со 20 поени.

- Оглас -

Најнови вести