Гостивар е чекор поблиску до четвртото финале во националниот куп, по победата вечерва против Фени Индустри со 88:81.
Кавадарчани водеа само на почетокот и тоа со 1:0, а се потоа беше во знакот на фаворитот. Со многу подобра игра на средината од вториот период Гостивар стаса до голема предност од 36:16 и на полувреме замина со позитива од 12 поени, 44:32.
Кошаркарите на Фени не се предадоа, намалија на минус четири, но двете тројки на Александар Костовски повторно му донесоа значајна предност на Гостивар.
Во финишот немаше неизвесност и Гостивар ќе игра полуфинале, утре против Болоктехна.
Тасовски беше најефикасен во победничкиот табор со 17 поени, а Костовски постигна поен помалку, како втор стрелец кај гостиварци со 16 поени.
Во второто полуфинале на завршниуто куп турнир во Гевгелија меѓусебе ќе играат вечните ривали Работнички и МЗТ Скопје.
Тасо 17, Костовски 16, Марковс