Гостувањата на Анже во Париз се кошмарни

1701 ПСЖ – Анже (21.00 часот)

Анже добро се држи, има 16 бода од девет кола, има само еден пораз, четврти е на табелата, но ПСЖ по поразот во минатото коло од Рен, како фаворит ќе сака да им се врати на победите. Анже на последните три гостувања играше 1-1, но кога играат на „Паркот на принцовите“, имаат многу лоша традиција и никогаш не останале непоразени. На последните три гостувања во Париз, Анже прими дури 15 гола.

Предлог тип: 1 & 3-6 (2.00)

 

1801 Хофенхајм – Келн (20.30 часот)

По седум кола, Келн е во подобра позиција, има четири бода повеќе од Хофенхајм. Ова се непредвидливи екипи кои знаат и пријатно и непријатно да изненадат. Келн на сите мечеви сезонава и даваше и примаше гол. Во јануари годинава, Хофенхајм дома ги надигра Јарците со убедливи 3-0, а севкупно Хофенхајм на последните три меча по ред против Келн даваше три гола. Келн шест години не знае за победа над овој ривал.

Предлог тип: ГГ & 3+ (1.74)

 

1011 ВБА – Бирмингам (21.00 часот)

Вест Бромич е фаворит на хартија, има десет бода повеќе, но ова е градско дерби и мотивите ќе бидат големи и кај гостите. Бирмингам освои само еден бод во последните пет кола, а ВБА, кој се бори за враќање во Премиер лигата, во минатото коло го претрпе првиот пораз сезонава. Бирмингам нема дадено гол точно еден месец, од 15 септември. Летоска, во пријателски меч ВБА победи со 4-0, Бирмингам 15 години не знае за триумф над ривалот.

Предлог тип: 1 & 0-3 (2.40)

 

1951 Башакшехир – Бешикташ (19.00 часот)

Ова е дуел на последните два турски прваци, но сезонава разликата е голема во полза на поголемиот клуб. Башакшехир има само 6 бода од 8 кола, нема ниту едно реми, додека Бешикташ е трети со два бода помалку од лидерот Фенербахче. Бешикташ нема да смета на Пјаниќ, Караман, Топал, Нкуди, Хачинсон, Нсакала, но и домашните се некомплетни. Во минатата сезона, двата меѓусебни дуели завршија со 3-2 за Бешикташ, кој сезонава знае да киксне на гости.

Предлог тип: Х2 & 2-4 (2.10)

 

8340 Армани Милано – Анадолу Ефес (20.30 часот)

Чудно, но вистинито, актуелниот европски првак Ефес уште нема победа сезонава во Евролигата, иако поминаа три кола. Од друга страна, Манекените од Милано стартуваа одлично со три победи, па според формата на екипите, ова треба да биде чиста единица. Хрватот Симон е повреден кај Ефес, но, сепак,не треба да се потценат Пиварите. Подобро е да се игра на поени отколку на „кец“, кој може да залаже дека е сигурен.

Предлог тип: >160.5 (1.97)

- Оглас -

Најнови вести