Гостување кај Еспањол е гаранција за три бода

По Севилја, Гранада и Реал Сосиедад, скалпот на Еспањол му го зеде и Валјадолид на стадионот „Корнела Ел Прат“ во Барселона со конечни 2-0. Еспањол го загуби и четвртиот првенствен натпревар на домашен терен, а новото разочарување ги остави при дното на табелата веќе по седум кола од Ла Лига.

Гостите преку Мичел и неговиот прецизен удар од белата точка во 25-тата минута поведоа, додека огромни проблеми за Еспањол донесе црвениот картон на Калеро на триесетина минути до крајот на мечот. Сè одеше во полза за тимот на Валјадолид, а трите бода ги осигураа во судиското надополнување со погодокот на Плано.

- Оглас -

Најнови вести