Готфридсон има екстра мотив за финалето, Швеѓанецот е МВП на Европското првенство

Џим Готфридсон ќе има екстра мотив за победа на Шведска во финалето на ракометното Европско првенство против Шпанија, откако ја доби наградата од ЕХФ за најкорисен играч на турнирот.

Готфридсон е алфа и омега во селекцијата на Шведска, која ќе игра за титулата европски првак од 18 часот против Шпанците.

За него ова е второ признание за МВП на ЕП, откако и во 2018 година беше најдобар ракометар на шампионатот во Хрватска, но тогаш Шведска загубу во финалето.

ЕХФ пред стартот на мечот за златото ја објави и идеалната постава на ЕП.

Најдобар голман е Халгримсон од Исланд, десно крило е Гомес од Шпанија, лево крило Вујовиќ од Црна Гора, пикер е Гола од Германија, десен бек Гидсел од Данска, лев бек неговиот соиграч Хансен и среден бек Холанѓанецот Стеинс.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести