Готово е: Гриезман е нов играч на Барселона! Кој сака сега да го купи, треба да плати 800 милиони евра

Барселона го доведе првото големо засилување во летниот преоден рок. Каталонскиот гигант плати 120 милиони евра и ја откупи клаузулата на ѕвездата на Атлетико Мадрид, Антоан Гриезман. Голгетерот на француската репрезентација потпиша петгодишен договор, кој ќе го обврзе да остане до јуни 2024 година и му стави откупна клаузула од 800 милиони евра !

Гриезман е роден во Макон, Франција, во 1991 година, а сега е еден од најдобрите напаѓачи во светот. Како 14-годишно дете го забележале скаутите на Реал Сосиедад и го доведоа во Шпанија. За првиот тим на Соседад дебитираше во 2009 година, кога имаше само 18 години. Неговиот талент го забележаа од Атлетико и во летото 2014 година за сума од 30 милиони евра се пресели во Мадрид.

Сега, по пет години поминати меѓу „јорганџиите“, Гриезман го прави трансферот на кариерата и ќе игра за Барселона.

 

- Оглас -

Најнови вести