Готово е, Милан си оди од „Сан Сиро“ и наскоро ќе игра на еден од најубавите стадиони на светот

Италијанскиот фудбалски гигант Милан и официјално најави изградба на нов стадион во јужниот дел од градот и заминување од култниот „Сан Сиро“.

Росонерите веќе ги поднесоа прелиминарните решенија за новиот стадион во градското собрание во предградието на Милано, Сан Донато.

„Повеќе од четири години се обидуваме клубот да ја започне изградбата на еден од најубавите стадиони на светот и наскоро тој проект ќе стане реалност“, изјави претседателот на Милан, Паоло Скарони.

Милан од 1926 година настапува на култниот „Сан Сиро“, кој го дели заедно со градскиот ривал Интер, чии навивачи стадионот го нарекуваат „Џузепе Меаца“ по нивната голема легенда.

- Оглас -

Најнови вести