Готово е, Обамејанг се сели во поранешниот европски шампион

Пјер-Емерик Обамејанг е ново фудбалер на Олимпик Марсеј, објави новинарот кој е експерт за фудбалски трансфери, Фабрицио Романо.

Обамејанг со Европскиот шампион од 1993 ќе потпише тригодишен договор, а Олимпик Марсеј нема да плати никаква отштета на Челси.

Репрезентативецот на Габон утре во Марсеј ќе ги изврши лекарските прегледи по што и официјално ќе биде промовиран како нов напаѓач на францускиот тим.

Со трансферот во Марсеј, Обамејанг по една деценија, повторно ќе игра во француската Лига 1.

Тој од 2008 до 2013 година настапуваше за екипите на Дижон, Лил, Монако и Сент Етјен, по што се пресели во Борусија Дортмунд за која играше со 2018 година. Следна станица во кариерата му беше Арсенал каде помина четири сезони, а минатата година играше за Барселона и Челси.

- Оглас -

Најнови вести