Готово е – Шампионот падна на „Стемфорд бриџ“, Ливерпул е нов првак на Англија (Видео)

Челзи ја заврши трката за титулата во Англија со победа од 2:1 против Манчестер сити, со што му ја донесе шампионската круна на Ливерпул.

Актуелниот првак Манчестер сити мораше да победи на „Стемфорд бриџ“ за да ја продолжи неизвесноста, ако воопшто ја имаше, но не успеа.

Првакот падна по головите на Кристијан Пулишиќ и на Вилијан од пенал, па мајсторијата на Кевин де Бројне, кога постигна фантастичен гол од слободен удар за израмнување, е само за утеха.

Дербито на 31-вото коло беше драматично, а Челзи поведе со голот на Кристијан Пулишиќ во 36-тата минута. Менди и Гундоган имаа чиста ситуација да ја расчистат опасноста, но додека се договараа кој да тргне на топката, искористи играчот на домаќините за погодок за 1:0.

https://twitter.com/Futball_Karim/status/1276241895728037890?s=20

Во второто полувреме Сити притисина, а Де Бројне со фантастичен гол од слободен удар израмни на 1:1 во 55-тата минута.

https://twitter.com/box2boxfutbol/status/1276252559485919234?s=20

Веднаш потоа Стерлинг погоди статива, а на спротивната страна Кајл Вокер од самата гол-линија спаси Пулишиќ повторно да биде стрелец.

 

Сепак, приказната за Сити заврши во 78-мата минута, кога во вистинскиот хаос пред голот на Едерсон, Фернандињо, играше со рака. По прегледување на спорниот момент, судијата Атвел досуди пенал за Челзи и го исклучи играчот на гостите.

https://twitter.com/RainingGoals/status/1276257247660617728?s=20

Вилијан погоди од белата точка за победа на Челзи и за големо славење во Ливерпул, тим кој е нов првак на Англија, и тоа за првпат откако се игра Премиер лигата и по цели 30 години пауза.

На 7 кола до крајот на првенството, Ливерпул има 86 бода, 23 повеќе од Манчестер сити, а во оптек се уште 21 бод, што значи дека лидерот е недостижен и уште вечерва може да ја слави 19-тата титула во Англија.

- Оглас -

Најнови вести