Наполи заврши работа околу трансферот на Џовани Симеоне од Верона. Аргентинскиот напаѓач ќе биде новиот соиграч на Елиф Елмас во екипата која ја предводи Лучијано Спалети, доаѓа како засилување во нападот. Фудбалерот утрово ги комплетираше медицинските прегледи, останува само официјална потврда од клубот.
Синот на Диего Симеоне пред извесно време беше блиску до преселба во Дортмунд кога Милионерите бараа привремена замина за Халер, но сепак Наполи е клубот кој направи конкретни чекори за да ги добие неговите услуги. Џовани минатата сезона беше одличен во дресот на Верона со 16 лигашки погодоци, па сега ќе се докажува во поконкурентен клуб.
Инаку, Симеоне сезонава ќе игра како позајмен од Верона, за што Наполи ќе плати 4 милиони евра, додека следното лето клубот од Неапол е обврзан да исплати уште 12 милиони евра. Дел од таа сума биде исплатен во според одредени бонуси, како голгетерскиот учинок на Симеоне, бројот на настапи и пласман во Лигата на шампионите.