Градоначалникот на Лондон вели дека британската престолнина не е подготвена за фудбал

Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, се противи на идејата премиерлигашки натпревари да се играат во тој град. Пандемијата од корона-вирусот секојдневно предизвикува стотици смртни случаи во Велика Британија, Лондон е убедливо најголем град таму и Кан е загрижен, иако многу сака фудбалот да се врати на стадионите.

„На Садик многу му е важно Премиер лигата и професионалниот спорт да продолжат, но додека земјата уште е во криза, а по стотина луѓе умираат секој ден, тој верува дека е прерано да се расправа за почеток на фудбалското првенство во главниот град“, соопштија од кабинетот на Кан.

Интересно е што Кан е навивач на Ливерпул и како таков, многу сака лигата да продолжи, но условот е да се игра откако ќе се создадат сите услови. Лондон има пет тимови во Премиер лигата (Арсенал, Челзи, Тотенхем, Вест хем и Кристал палас) и тие од понеделник ќе почнат со тренинзи.

- Оглас -

Најнови вести