Градот Тетово ги избрка македонските екипи од Градскиот стадион, само Шкендија ќе го користи стадионот

Екипите на ФК Тетекс, ФК Љуботен и ЖФК Љуботен добија забрана за тренирање и играње натпревари во претстојната сезона на Градскиот стадион во Тетово.

Во соопштението кое Тетекс го испрати до јавноста стои дека единствен тим кој имал право да го користи Градскиот стадион во Тетово е Шкендија.

СООПШТЕНИЕТО ОД ФК ТЕТЕКС ВИ ГО ПРЕНЕСУВАМЕ ВО ЦЕЛОСТ:

„Ја користиме оваа прилика за да ја запознаеме пошироката јавност дека во моментов на стариот градски стадион, но и на новиот градски стадион, ФК Тетекс, ФК Љуботен и ЖФК Љуботен немаат право на нивно користење, тренинзи, одигрување натпревари во лигата од засега непознати причини! Екслузивно право на користење на двата стадиони има само ФК Шкендија!

Се прашуваме, дали во 21 век е нормално само поради тоа што сме МАКЕДОНЦИ кои живеат во Општина Тетово да немаме право на тренинзи на природна трева?

Со месеци, односно поточно од февруари навака одржани се неколку состаноци со градоначалникот и со челниците на општинската власт, но од нив нема никаков договор и реализација на нашите барања.

Низ историјата, без никакви проблеми, со меѓусебна координација, сите клубови тренирале и ги играле своите натпревари на овие два стадиона. Денеска, наместо да се работи на што погоема кохезија кога е спортот во прашање, очигледно некои работаат на тоа македонските клубови да се дестабилизираат и дефоксуираат од целта. Во истиот контекст, сакаме да потенцираме дека на стариот градски стадион се наоѓаат и нашите простории, соблекувална, простор за перална и слично, а тренинзите и натпреварите се играат на стадиончето на АМС, на вештачка трева. Чиста небулоза!

Па оттука сакаме да прашаме: Дали Шкендија е единствен клуб од Тетово кој има право на ова или се игра некоја друга игра во заднина?

Апелираме до општинските власти за итно свикување заедничка средба на сите тетовски фудбалски клубови и под нивно покровителство итно да се изнајде решение за овој проблем без никој да е оштетен. Во спротивно, ќе бидеме принудени да повикаме на протести сè додека не обезбедиме фундаментално право за спортот и развој на спортскиот дух кај младите.“

- Оглас -

Најнови вести