Градското дерби во Шефилд ќе биде „тврдо“, Хамбургер и Олимпијакос фаворити

Гостувањето на Енис Барди со Леванте кај Леганес е единствениот денешен меч од топ 5 лигите, но понудата на фудбалски мечеви во SPORT LIFE е богата. Тука е градското дерби во Шефилд од англиската Шампионат лига, „лесното“ гостување на Олимпијакос кај Смирнис, а фаворит е и уште еден гостин, Трабзонспор кај Касимпаша. Хамбургер како домаќин е во предност според квотата на денот, додека на мечот во Мадрид подобро да се игра на голови.

 

Касимпаша – Трабзонспор (18.00 часот)

Трабзонспор што и да направи, ќе остане четврти на табелата и по ова гостување, па ќе игра без преголем притисок, што може да му донесе резултат. Касимпаша има пет порази по ред во лигата и се наоѓа на три бода од зоната на испаѓање. Домашните имаат и двајца суспендирани играчи, додека Трабзон има проблеми со повредени играчи. Во последните шест дуели, немало нерешено.

Предлог тип: Х2 & ГГ (2.05)

 

Хамбургер – Гројтер Фирт (20.30 часот)

На Хамбургер победата му треба за продолжување на трката со Келн и Унион Берлин за пласман во германската елита. Иако играат прилично променливо, во Хамбургер вечер би требало да триумфираат и да дојдат на второ место. Гројтер има две ремија по ред и се наоѓа во златна средина на табелата.

Предлог тип: 1 & 2-4 (2.25)

 

Леганес – Леванте (21.00 часот)

Ако има победник, ќе може да се каже дека тој тим ќе биде блиску до опстанок. Домашните се во малку подобра форма, имаат само еден пораз во последните пет меча. Леганес е меѓу најнезгодните домаќини во Шпанија, во првенството дома нема пораз уште од септември. Но, традицијата апсолутно е на страната на Леванте, кој на последните седум дуели нема примено гол од Леганес.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.10)

 

Шефилд вензди – Шефилд јунатед (20.45 часот)

Градското дерби доаѓа во одличен момент за гостите. Јунајтед има три победи по ред и ако слави и вечерва, ќе дојде на делба на второто место во Шампионат лигата заедно со Лидс. И Вензди не е лош, има две победи по ред, а за пораз не знае од 27-ми јануари. Претходните два меѓусебни дуели завршија со 0-0.

Предлог тип: 0-2 гола (1.82)

 

Смирнис – Олимпијакос (18.00 часот)

Олимпијакос речиси ги загуби шансите за титула, но цврсто го држи второто место и ќе игра квалификации за ЛШ. Пирејците се разнишани по поразот од Ламија во Купот, но против „фенерџијата“ не би смееле да имаат проблеми. Смирнис со една нога е во втората лига и не би требало да претставува пречка за Олимпијакос.

Предлог тип: 2 & 0-3 (2.08)

- Оглас -

Најнови вести