Графит во Барселона посветен на „Че Гевара“ Меси – „Збогум команданте“ (Фото+Видео)

Познатиот уличен цртач на графити, Салваторе Бенинтенде, познат под прекарот „ТВ Бој“, на плоштадот Плаза де Каталуња во Барселона, направи простувачка посвета на фудбалерот кој во изминатите години им носеше големи радости на навивачите на Барса.

ТВ Бој го нацрта Лионел Меси облечен како познатиот револуционер Ернесто Че Гевара, со пура во устата, и со амблемите на Манчестер сити, Интер и Пари Сен Жермен што асоцира на можните дестинации на Меси во иднина. Меси кој на бермудите со логото на Барселона, со левата рака влече куфер, а има авионски билет со десната рака.

Графитот се наоѓа на една мала трафостаница за струја. На кошулата ја пишува и познатата парола „Hasta siempre comandante“ (Збогум команданте).

Погледнете детално како изгледа графитот посветен на легендата на Барселона и играч кој има намера првпат во кариерата да ја смени клупската средина:

- Оглас -

Најнови вести