Граѓаните му одржаа час по фудбал на Челси, Астон Вила испадна од ФА купот од четвртолигаш

Фудбалерите на Манчестер сити за само три дена, по втор пат го совладаа Челси и им покажаа на Сините дека не се конкуренти во трката за трофеите.

Откако пред три дена беше 1:0 во Лондон во рамки на Премиер лигата, денеска Граѓаните славеа со убедливи 4:0 во третото коло од ФА купот.

Се беше решено уште во првото полувреме, Сити даде три гола и по само 45 минути игра си обезбеди пласман во следната фаза.

Резултатот го отвори Ријад Марез со гол од слободен удар, а потоа Хулијан Алварес погоди од белата точка, за третиот гол да го даде Фил Фоден по една одлична акција на целиот тим.

Играчот што го отвори резултатот и го затвори, Марез со голот од пенал во 85-та минута го постави конечниот резултат.
Следен противник на Манчестер сити во ФА Купот ќе биде победникот од утрешниот дуел меѓу Оксфорд и Арсенал.

Шокантна елиминација од ФА Купот доживеа Астон Вила, која на „Вила Парк“ беше елиминирана од Стивениџ со 2:1.

Вила поведе со голот на Сансон во 33. минута, но во финишот на средбата, четвртолигашот даде два гола за три минути и режија сензација. Прво во 88-та минута Рид го израмни резултатот, а во 91-та минута, Кемпбел го шокира премиерлигашот.

Стивениџ во следното коло ќе игра со уште еден премиерлигаш, Манчестер Јунајтед.
Викендов осум премиерлигаши испаднаа од најстарото натпреварување во светот – Евертон, Кристал Палас, Бурнемаут, Нотингем Форест, Брентфорд, Њукасл, Челзи и Астон Вила.

- Оглас -

Најнови вести