Граѓаните подготвуваат специјален подарок за Барселона, на „Камп ноу“ доаѓа светскиот шампион?

Фудбалерот на Манчестер сити и член на аргентинската репрезентација, Хулијан Алварес, би можело следната сезона да ја помине на позајмица, и тоа во Барселона, пишуваат шпанските медиуми.

Алварес минатата година пристигна во Манчестер сити од Ривер плејт во трансфер вреден 20 милиони евра, но не добива голема минутажа во конкуренција на Ерлинг Халанд.

„Алварес не добива многу шанси во Манчестер сити покрај Ерлинг Халанд и поради тоа не се исклучува можноста, следната сезона да замине на едногодишна позајмица. Исто така, челниците на Сити му ветија на фудбалерот дека по СП ќе понудат нов подобар договор, но засега нема ништо од тоа“, пишува каталонскиот весник „Мундо Депортиво“.

Алварес во декември минатата година, со репрезентацијата на Аргентина триумфира на Светското првенство што се одржа во Катар откако во финалето славеше над Франција по подобро изведување на пенали.

Шпанските медиуми шпекулираат дека Барселона ќе ги искористи добрите односи со тренерот на Сити, Хосеп Гвардиола, и со директорот Чики Бегиристајн и ќе успее да го донесе Алварес на едногодишна позајмица.

 

- Оглас -

Најнови вести