Граѓаните се загрoзени од ковид-19, одложен е мечот Евертон – Манчестер сити

Големото дерби од 16-тото коло во Премиер лигата меѓу Евертон и Манчестер сити нема да се игра вечерва од 21 часот откако во таборот на популарните Граѓани има нови случаи со позитивни на ковид-19.

Манчестер сити и официјално побара и доби одложување на мечот од страна на раководството на Премиер лигата.

Габриел Жезус, Кајл Вокер и двајца членови на помошниот персонал имаа позитивни тестови пред дуелот против Њукасл викендов, а сега има нови заразени со ковид-19, па мечот ќе се игра во некој друг термин, што ќе биде дополнително одреден.

 

- Оглас -

Најнови вести