„Гранитниот“ Катар со мајсторски гол ја исфрли Јужна Кореја (Видео)

Голот на Абдулазиз Хатим во 79 минута беше доволен за репрезентацијата на Катар да ја совлада Јужна Кореја со 1:0 и да се пласира во полуфиналето на Азискиот куп. Хатим погоди со шут од далечина, ја шокираше публиката која навиваше за Коерејците, а потоа одбраната си ја заврши работата. Катар уште нема примено гол на ова континентално првенство, а одигра веќе пет натпревари. Катарците првпат се полуфиналисти на едно Азиско првенство.

Средбата се играше во Абу Даби, а противник на Катарците во полуфиналето ќе им биде домашниот Обединети Арапски Емирати или Австралија, четвртфиналисти кои својата пресметка ја почнуваат во 17 часот.

Погледнете го голот на Хатим:

https://www.youtube.com/watch?v=kNPibKcNojU

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести