Американскиот атлетичар Грант Фишер постави нов светски рекорд на 5.000 метри во сала на натпреварувањето во Бостон. Фишер ја истрча трката со време 12:44.09 минути, со што го урна досегашниот рекорд на Етиопјанецот Кенениса Бекеле, кој изнесуваше 12:49.60 минути и беше поставен во 2004 година.
Ова е втор светски рекорд за Фишер за само една недела, откако минатиот викенд постави нов рекорд на 3.000 метри на натпреварувањето во Њујорк.
Второто место на трката го освои Французинот Џими Гресие со време 12:54.92 минути, со што го подобри европскиот рекорд што претходно го држеше Шпанецот Алберто Гарсија.
Фишер, кој освои бронзени медали на 5.000 и на 10.000 метри на Олимписките игри во Париз, продолжува да ги поместува границите во атлетиката и се наметнува како еден од фаворитите за претстојните големи натпреварувања.