Грчки навивачи нападнале фан на Вардар во центарот на Скопје

Навивачи од Грција кои денеска пристигнале во Скопје за да го следат ракометниот дуел на женската екипа на ПАОК против Металург, направиле неколку инциденти во центарот на Скопје.

Грчките фанови пристигнале со автобус, а потоа се упатиле кон центарот на градот. Тогаш се случил првиот инцидент кога прво вербално нападнале, а потоа дошло и до физички контакт со момче кое носело дрес на ФК Вардар.

Потоа, навивачите продолжиле со недоличното однесување и влегле во една продавница кај местото познато како Рекорд и украле неколку шишиња со вода. Тогаш реагирала полицијата и ги задржала непримерните навивачи кои го пропуштија мечот на својот тим ПАОК.

Женската екипа на ПАОК со 31:20 славеше во „Јане Сандански“ против Металург, во Европскиот куп.

- Оглас -

Најнови вести