Грчки циркус – Бараа странски судии, па ги затворија во соблекувална

АЕК го победи Арис со 2:1 во првиот меч од полуфиналето на грчкиот куп, но во Атина имаше вистински циркус, а во фокусот, ни криви, ни должни, беа португалските судии предводени од Артур Соареш Дијас.

Челниците на АЕК не беа задоволни од судењето на странските судии по првото полувреме, па реагираа бурно на паузата, а португалските судии потоа не сакаа да излезат од соблекувалната.

На заминувањето кон соблекувалните се закачија и играчите на двете екипи, имаше масовна турканица, што само го филува целиот хаос на „Спирос Луис“ во Атина.

По многу перипетии, преговори и договори, Дијас и неговите помошници одлучија сепак да излезат на теренот и да го завршат мечот.

Во Грција сезонава има и странски судии и во првенството и во купот, но има и многу поплаки на нивниот критериум и судење.

Од 20.30 часот ќе се игра првиот дуел од полуфиналниот двомеч меѓу ПАОК и Олимпијакос.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести