Грчките медиуми пишуваат за можна одмазда – Ковачевиќ настрадал поради ќерка му Стела

Мотивот за нападот на Дарко Ковачевиќ кој беше застрелан во ногата од засега непознати напаѓачи најверојатно е одмазда за сообраќајната несреќа што во јули 2017 година ја предизвика неговата ќерка Стела, пишуваат грчките медиуми.

Ковачевиќ имаше многу среќа откако беше погоден во ногата во Глифада, Атина, од напаѓачи кои пристигнале со автомобил „мини морис“ и веднаш почнале да пукаат од огнено оружје кон познатиот фудбалер.

Се шпекулира дека атакот е одмазда за сообраќајката што во пијана состојба во 2017 година ја направи неговата ќерка Стела.

Таа возела со голема брзина и притоа тешко повредила жена откако загубила контрола врз возилото. Во истрагата било откриено прекумерно количество алкохол кај ќерката на Ковачевиќ, а повредени биле и три лица што биле во автомобилот со кој управувала Стела.

Дарко по нападот веднаш бил пренесен во болница и е надвор од животна опасност.

- Оглас -

Најнови вести