Гриезман го држи Атлетико на второ место (Видео)

Голчиште од слободен удар и асистенција до Алваро Мората за 2-0, го направија Антоан Гриезман јунак на Атлетико Мадрид во триумфот над Селта Виго. Французинот постигна прекрасен гол кој треба да се види. Ова беше негов трети гол од слободен удар сезонава.

Гриезман го надмина Фернандо Торес и сега е најефикасниот играч на Атлетико во последните 40 години, а стана и прв играч на „јорганџиите“ кој пет сезони по ред дава барем 20 гола.

Со оваа победа, Атлетико се зацврсти на второ место, има пет бода и еден меч повеќе од Реал Мадрид, а негативата во однос на лидерот Барселона ја намали на 9 бода.

- Оглас -

Најнови вести