Гриезман со прва порака за навивачите на Барселона

Антоан Гриезман од вчера е нов играч на Барселона, откако шпанскиот првак плати 120 милиони евра за трансфер од Атлетико Мадрид. За реализација на овој трансфер требаше „цела вечност“. Уште од минатото лето се очекуваше Гриезман да пристигне на „Камп Ноу“, но иако беа договорени и деталите, Французинот откажа да направи трансфер.

Токму тој потег на Гриезман налути голем дел од фановите на Барселона, кои му приредија „пеколен“ пречек на напаѓачот на Атлетико Мадрид. Сепак, сега, конечно се комплетираше трансферот, иако во Атлетико се лути и бараат дополнителни 80 милиони евра, а многумина од фановите уште му немаат простено на новата ѕвезда на тимот.

Утре официјално ќе биде промоцијата на Гриезман на „Камп Ноу“, но нема да биде дозволен влез на навивачи. Официјално тоа е така затоа што се менува теренот на стадионот и има дополнителни други градежни работи, но неофицијално е бидејќи челниците на клубот не сакаат да има свирежи од навивачите на промоцијата.

И порај лошите односи на Гриезман и фановите на Барселона, Французинот со првата своја изјава во новиот клуб се обиде да ја смири ситуацијата.

„Време е да ги прифатам новите предизвици, кои ми ги наметна судбината. Конечно нашите патишта се вкрстија. Ќе бидам максимално посветен и лојален бранејќи ги боите на Барселона“, изјави Гриезман.

 

- Оглас -

Најнови вести