Гриезман уште чека: Меси ми се нема јавено

Антоан Гриезман откри дека сè уште немал никаков контакт со Лионел Меси, со кого треба да бидат предводници на нападот на Барселона во следните сезони. Гризи на 14 јули стана член на каталонскиот гигант, но нема добиено ниту повик, ниту порака од најдобриот фудбалер за кого Французинот кажа само пофални зборови.

Меси е на одмор со семејството во Антигва и Барбуда. Тој сакаше клубот да го врати Нејмар, но Каталонците се одлучија за полесната и малку поевтина варијанта, иако 120-те милиони евра за Гриезман воопшто не се малку. Барса не крена раце од Нејмар, но тој трансфер е потешко остварлив.

„Добро сум примен во клубот. Од тие соиграчи што уште се на одмор, Меси ми се нема јавено, но Суарес да. Луис ми честиташе за трансферот и ми посака добредојде“, вели Французинот.

Дебито на Гриезман во дресот на Барселона ќе биде против Челзи, и тоа на Ракутен купот во Токио.

- Оглас -

Најнови вести