Грифин го одигра мечот на кариерата и ги даде поените за победа (Видео)

Во највозбудливиот дуел кој ноќеска се одигра во НБА-лигата, Детроит пистонс со 133:132 ја победи Филаделфија, и тоа откако мораше да се одиграат дополнителни пет минути. Блејк Грифин е играч на мечот. Тој едноставно беше незадржлив за гостите. Грифин постигна рекордни 50 поени во кариерата, вклучувајќи ги и оние кои беа клучни за триумфот.

Откако во регуларниот дел беше 120:120, неизвесноста продолжи и во следните пет минути. Гостите имаа предност од 132:130, а до крајот останаа помалку од шест секунди. Грифин ја доби топката и тргна кон кошот. Не само што реализираше за два поени, туку над него беше направен и прекршок за дополнително слободно фрлање. Одличната игра Грифин ја заврши со погодок од линијата за „пенали“, што значеше и победа на Детроит со разлика од еден поен и радост на домашните фанови. Детроит сега има три победи и уште е без пораз, додека „76-ките“ се со биланс 2-2.

https://youtu.be/lzLga3cdHXQ

Покрај 50 постигнати поени, Грифин имаше и 14 скока и шест асистенции. Во победничкиот тим добар беше и Реџи Џексон со 23 поени. Кај Филаделфија најпрецизни беа Џоел Ембид со 33 поени и Џеј џеј Редик со 3 поени.

Во останатите мечеви кои се играа ноќеска: Њу Орлеанс – ЛА клиперс 116:109 и Денвер – Сакраменто 126:112.

 

- Оглас -

Најнови вести