Грин премногу сериозно го сфаќа терминот „нема лесни поени“, за малку ќе го повредеше Ленард (видео)

Дрејмонд Грин веќе извесно време е познат како „лошо момче“ во НБА лигата поради својот агресивен пристап на терените. Иако е меѓу најдобрите дефанзивни кошаркари, Грин често знае да направи непромислен неспортски потег, а ноќеска за малку ќе настрадаше Кавај Ленард.

Голден стејт загуби од Клиперс, но Грин во секој момент се трудеше го брани својот кош и да не дозволи лесни поени на противникот, па така во воздушен дуел со Ленард го оневозможи да забие така што му ја држеше раката и го повлече надолу, па заедно паднаа на паркетот.

Ленард смирено стана и не сакаше да слушне оправдување за неспорсткиот потег, а многу лесно можеше да се здобие со повреда.

- Оглас -

Најнови вести