Гриезман промашува пенали како од шега (Видео)

Антоан Гриезман промашува пенали како од шега, а во кус рок од три дена веќе двапати утна удар од белата точка. Вечерва дури и си дозволи ударот од 11 метри да му го одбрани голманот на Андора, Жозеп Гомеш, откако на претходниот меч со Албанија ја погоди пречката.

https://www.youtube.com/watch?v=qvBGu0fIYRo

Тогаш на шега ја обвини сопругата Ерика, но сега веројатно и не му е до шега откако пак не погоди пенал. За среќа на Франција, и против Албанија, а и сега против слабата Андора, Триколорите имаа предност во моментите кога Гриезман не погодуваше од белата точка.

- Оглас -

Најнови вести