Грк ги изненади Кубанците и скокна до златото во Токио

Гркот Милтијадис Тенкоглу го освои златниот медал во атлетската дисциплина во скок во далечина, приредувајќи изненадување против кубанското дуо Хуан Мигел Ечеварија и Мајкел Масо кои се закитија со сребро, односно бронзен медал.

Тенкоглу пред последната рунда беше далеку од златото, најдобар скок му беше 8,15 метри, за на крајот да скокне 8,41 метри, што е за околу 20 сантиметри повеќе од Кубанците.

За Грција ова е второ злато на Олимпијадата во Токио, Стефанос Нтукос беше најдобар во веслање.

https://twitter.com/Tokyo2020/status/1422032292667531266

- Оглас -

Најнови вести