Грми „Олд Трафорд“, се врати клупската икона – Роналдо е стартер против Њукасл (Видео)

Кристијано Роналдо се врати во Манчестер јунајтед и од 16 часот повторно ќе биде на терен во препознатливиот дрес со број 7 како играч на Црвените ѓаволи по цели 12 години.

Оле Гунар Солскјер одлучи популарниот ЦР7 да игра против Њукасл, а навивачите го поздравија со овации при претставувањето на стартните 11 кај домаќините.

https://twitter.com/DevilsOfUnited/status/1436682953665482752?s=20

Роналдо пристигна пак на „Олд Трафорд“ од Јувентус ова лето и веднаш ги разгоре страстите и амбициите кај најтрофејниот клуб во Англија, Манчестер јунајтед.

Веднаш за само неколку денови продажбата на дресот со број 7 доживува невидена експанзија, а досега се инкасирани неверојатни 200 милиони евра, што е рекорд во Европа.

- Оглас -

Најнови вести