Грмна песна и во Дуизбург – Македонците во Германија еуфорично ги поздравија своите јунаци (Видео)

Стотици Македонци со песна ги поздравија и ги испратија своите јунаци, репрезентативците на Македонија по брилијантната победа против Германија со 2:1.

Во Дуизбург има околу 2 илјади наши државјани, а дел од нив пристигнаа пред „МСВ“ арената за да се израдуваат на големиот успех.

Македонија со головите на Горан Пандев и на Елиф Елмас го нокаутира четирикратниот светски првак, а фудбалското чудо во Дуизбург е во фокусот и на светските медиуми.

Германија за првпат по 20 години загуби квалификациски меч за настап на Светско првенство, а велемајсторите од Македонија им го сопреа и рекордот од 18 победи по ред.

- Оглас -

Најнови вести