Не се случило досега, ЛШ против ЛЕ да биде 0:5 – Сите ЛИДЕРИ во топ-5 лигите денеска ќе чекаат ривали во Лигата на Европа

Гром ќе биде Лигата на Европа во нокаут-фазата, а потврда за силата на второто по квалитет европско клупско натпреварување е што денеска на ждрепката во Нион од 13 часот противници ќе чекаат пет екипи кои моментно се лидери во најсилните лиги на Стариот Континент.

Во популарните топ-лиги во Европа спаѓаат: Италија, Германија, Шпанија, Англија и Франција, а таму моментно првопласирани екипи се Милан, Баер Леверкузен, Реал Сосиедад, Тотенхем и Лил, петорка што игра во Лигата на Европа и денеска ги очекува своите ривали.

Ваков случај досега немало, ниту една екипа од топ-5 лигите што игра во Лигата на шампионите да не е лидер пред ждрепка за нокаут-фаза, а сите пет првопласирани екипи во Италија, Германија, Шпанија, Англија и Франција да ја чекаат ждрепката за натпреварите во Лигата на Европа.

Денеска од 12 часот во Нион најпрво ќе има извлекување за осминафиналето во Лигата на шампионите, а еден час подоцна, или од 13 часот, ќе се одржи и ждрепката за Лигата на Европа.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести