Грозна провокација пред дербито меѓу Свонси и Кардиф

Навивачите на Свонси ги поминаа сите граници на ривалството пред утрешниот дуел против Кардиф. Пред дербито на Велс, фановите на Свонси решија да направат провокација, во која го вмешаа и трагично загинатиот играч на Кардиф, Емилијано Сала.

Аргентинецот кој во јануари потпиша за Кардиф, не успеа да одигра ниту еден меч за овој тим, откако загина во авионска несреќа додека патуваше од Франција кон својот нов клуб.

Симпатизерите на Свонси испринтале лажни авионски билети со името на Емилијано Сала на нив. Како број на летот стои „D3AD“, што впрочем значи „мртов“. Како пилот на авионот е ставено името на Мајки Дај, навивач на Кардиф кој беше убиен во 2011 година за време на мечот меѓу Англија и Велс.

Челниците на Свонси ја осудија провокацијата на нивните навивачи.

 

- Оглас -

Најнови вести