Грците удрија по УЕФА – „Метро Спорт“ со насловна страница: УЕФА Мафија

Грчкиот медиум „Метро Спорт“ излезе со насловна страница „УЕФА Мафија“, како реакција на судењето на англискиот арбитер Крејг Поусон, кој досуди три пенали за Ајакс против ПАОК во реванш-мечот за пласман во Лигата на шампионите.

Ајакс победи со 3:2 и по третпат во третиот меѓусебен двомеч го елиминира грчкиот тим во квалификациите за настап во ЛШ.

Два пенали искористи Душан Тадиќ, еден не погоди, а Ајакс со вкупен резултат од 5:4 се пласираше во плејоф-фазата за пласман во ЛШ.

Во текстот новинарите го преформулирале презимето на судијата Пoусон, па го нарекуваат Поизон, што на англиски значи „Отров“.

- Оглас -

Најнови вести