Грузија е сензацијата на младинското ЕП, Холандија си оди дома (Видео)

Репрезентацијата на Грузија за фудбалери до 21 година обезбеди сензационален пласман во четвртфиналето на младинското Европско првенство откако успеа да заврши на првото место во групата во која беше тотален аутсајдер против Португалија, Холандија и Белгија.

Грузијците како кодомаќини на првенството најпрво ја совладаа Португалија со 2-0, потоа одиграа 2-2 против Белгија, и тоа откако губеа со 0-2, а денес одиграа нерешено, 1-1 против Холандија и со пет бода го освоија првото место во групата А.

Пласман во четвртфиналето обезбеди и Португалија откако денес забележа победа од 2-1 против Белгија.

Натпреварот се одигра на стадионот на Динамо во Тбилиси пред 43.000 гледачи.

- Оглас -

Најнови вести