Губитник на годината: Ги потценуваше конкурентките, на крајот славеше мислејќи дека е олимписка шампионка, но…

Холандската велосипедистка Анемик ван Влеутен беше најголема фаворитка за освојување на златниот медал на 136 километри долгата патека во Токио. Пред трката таа беше толку самоуверена дека ќе стигне до златото, што дури даваше изјави дека нема вистинска конкуренција.

„Квалитетот на оваа трка ќе биде најслаб во последните неколку години. Половина од добрите натпреварувачки останаа дома. Многу екипи пратија само по еден натпреварувач поради ограничувањата кои беа воведени. Сепак, златото вреди повеќе од сè“, велеше Ван Влеутен пред трката.

Холанѓанката беше толку самоуверена во своите квалтиети, што мислеше дека е доволно само да се појави на патеката за да победи, но не беше така. Австријката Ана Кисенхофен направи вистинска сензација и стигна до златото. Најголемото претходно постигнување на Австријката беше 44-то место на Светските првенства, а во последните неколку години немаше ни професионален тим за којшто ќе вози.

Фаворитката Ван Влеутен заврши како втора, но интересно е што Холанѓанката славеше како да е олимписка шампионка, а потоа ја дочека шокантна вест.

„Не знаев дека сум втора. Моите чувства се измешани. Од една страна сум горда на медалот што го освоив, но од друга страна сум тажна затоа што мислев дека тоа е златен медал, а не сребрен“, рече Ван Влеутен по трката.

- Оглас -

Најнови вести