Гугл заедно со фудбалот го слави 80-тиот роденден на Пеле (фото)

Легендарниот Пеле денес полни 80 години, а настарна што фудбалот го величи бразилскиот виртуоз, и најпознатиот интеренет пребарувач му испрати посебна честитка.

Гугл го слави 80-тиот роденден на Пеле така што листата на страници му ја посвети токму на трикратниот светски првак. Доколку пишете „Пеле“ во полето за пребарување, најдолу на страната пишува „гоооооооооооооол“ наместо „гугл“, а 10-тата страница е во чест на Пеле кој го носеше бројот 10 на дресот.

 

Пеле уште во далечната 1977 година ја заврши професионалната кариера во дресот на Њујорк космос. До ден денес остана рекордер по бројот на погодоци за Бразил со 77 гола, покрај бројните титули, им донесе три Мундијали од вкупно пет кои ги имаат освоено Кариоките, во 1958, 1962 и 1970 година.

 

- Оглас -

Најнови вести