Веста за смртта на славниот српски кошаркарски тренер Душан Дуда Ивковиќ го потресе регионот и цела Европа бидејќи тој беше човек кој остави длабока трага секаде каде што работеше. Му беше тренер на Перо Антиќ во Олимпијакос, со кого освои европска титула, а како селектор работеше со најсилната европска репрезентација во историјата, југословенската од СП 1990 и на ЕП во 1995, кога Југославија играше првпат по санкциите и освои злато.
Душко Вујошевиќ откри дека здравствените проблеми на Дуда биле предизвикани од последица од одгледувањето гулаби. Ивковиќ цел живот чуваше гулаби, тие му беа најголемата љубов, а судбината сакаше тие и да придонесат за неговата смрт. Причина за смртта на Дуда е вода во белите дробови и херпес.