Ѓулер не сака да оди на позајмица, Анчелоти: „Тој е врвен фудбалер, местото му е во Реал“

Младиот турски фудбалер Арда Ѓулер изминатиот викенд го постигна првиот погодок во дресот на Реал Мадрид, па многумина беа воодушевени од потегот што го направи при постигнувањето на голот. Изминатиот период се појавија шпекулации дека Ѓулер ќе оди на позајмица во Милан, но шпанскиот весник „Ас“ тврди дека Турчинот нема намера да си замине и ќе остане во Реал Мадрид и ќе ја чека својата шанса.

Турчинот оваа сезона забележа само шест настапи, а на теренот мина само 96 минути, но Карло Анчелоти е воодушевен од неговите квалитети и вели дека се работи за врвен фудбалер.

„Арда Ѓулер играше многу малку, но беше убеден дека може да направи нешто. Направи потег кој го покажува сиот негов потенцијал. Тој е врвен талент, многу напредуваше. Има иднина тука, нема сомнеж во тоа“, рече Анчелоти.

- Оглас -

Најнови вести